Andelija Stojkovic
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
БЕЛГРАД
Активистите на организацијата „Покрив над глава“ и поддржувачите на Демократската партија денес одржаа повторно протест пред Централниот затвор во Белград и бараа пуштање на сите притворени на протестите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата „Покрив над глава“ бараше итно ослободување на нивните активисти и сите други граѓани уапсени за време на протестите во текот на изминатите денови, а некои од нив по итна постапка се осудени и пратени на служење на казната.
Од таа организација сите уапсени на протестите се сметаат за политички затвореници.
Претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац изјави дека се ослободени повеќе уапсени граѓани, но дека дека еден број на уапсени по итна постапка, без присуство на адвокати се осудени и пратени на одслужување на казна.
Тој истакна дека сите уапсени мора да бидат ослободени и најави дека протестите во текот на наредните денови ќе бидат продолжени пред судот кој изрече пресуди на демонстрантите, пред обвинителството како и пред Владата на Србија.
Протестот вечерва е одржан и пред Собранието на Србија, но со присуство на значително помал број на луѓе. Имено, на тој собир дошле околу стотина граѓани.
Сообраќајот пред Собранието беше блокиран.