Samir Kajoševic
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани нови 64 случаи на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора тврдат дека се анализирани 426 примероци од кои 64 биле позитивни. Во соопштението се наведува дека најголем број на нови случаи се регистрирани во Подгорица, каде 46 лица биле позитивни на коронавирусот.
„Во текот на денот лабораториски е потврден уште еден смртен случај на пациентка од Бијело Поље. Кај два смртни случаи кај кои се сомневало дека причината за смртта е поврзана со новиот тип на коронавирус, резултатот беше негативен. Од почетокот на јуни, вкупниот број на потврдени смртни случаи од коронавирусот изнесува 16“, информираше црногорскиот Институт.
Институтот објави дека обработените анализирани примероци се испратени во лабораторија во Германија, а резултатите се внесуваат во базата за податоци.
„Вкупниот број на позитивни примероци обработени во Германија изнесува 475. Земајќи ги во предвид починатите, бројката на активно заболените од коронавирусот изнесува 1.453“, соопштија од Институтот.