Vesna Besic,Edıta Zekjırovıkj
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
САРАЕВО
Министерот за здравство во Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ), Вјекослав Мандиќ, почина во Универзитетската клиничка болница (СКБ) во Мостар, потврдено е за Агенција Анадолија (АА) од Федералното министерство за здравство.
Почина во 62. година од животот. Хоспитализиран е пред десетина дена во тешка здравствена состојба. Тој имал хронична срцева слабост, а претходно имал и мозочен удар.
Вјекослав Мандиќ е роден во 1959 година во Коњич, каде што и завршил основно образование и гимназија, а во 1985 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Бања Лука.
Во Загреб, во 1998 година го положил специјалистичкиот испит, а во 2009 година магистрирал на Медицинскиот факултет во Мостар, каде што и докторирал во 2013 година. Работел во Домот на здравјето во Коњич од 1985 до 1993 година и на Одделот за гинекологија во Клиничката болница во Мостар од 1993 година до 2005 година. Од 2005 до 2007 година ја извршувал должноста федерален министер за здравство, а од 2007 до 2010 година бил застапувач и претседател на Одборот за здравство во Парламентот на ФБиХ. Во 2011 година именуван е за помошник-директор на хируршката дејност во Универзитетската клиничка болница во Мостар.