Ekipa
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 393 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 193.846, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 20 починати лица од Ковид-19, а дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09. до 02.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.783.
Институтот за јавно здравје регистрира 397 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 176.278.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 10.785.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.974 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања.