Aldijana Hadzic
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа пријавени се 122 нови случаи на коронавирусот и четири смртни случаи, а во овој извештај не се вклучени податоците од дистриктот Брчко, јавува Агенција Анадолија (AA).
- Во Федерацијата БиХ 84 новозаразени со коронавирусот -
Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 831 примерок, од кои 84 беа позитивни за САРС-КоВ-2.
Досега тестирани се вкупно 126.719 примероци, а САРС-КоВ-2 е потврден кај 13.505 лица, покажуваат податоците со пресек до 12 часот.
Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ излекувани се 9.652 пациенти, а во изминатите 24 часа регистрирани се 13 излекувани пациенти. Во моментов активни се 3.479 случаи на Ковид-19.
Во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се три нови смртни случаи.
Заклучно со денешниот ден, вкупниот број на смртни случаи на подрачјето на Федерацијата БиХ е 374, од кои 245 се од машки и 129 се од женски пол.
- Во Република Српска 38 нови случаи на вирусот -
Претходно беше објавено дека според податоците со пресек во 9 часот, во ентитетот Република Српска биле тестирани 210 лабораториски примероци, а коронавирусот е потврден кај 38 лица.
Во последните 24 часа во Институтот за јавно здравство на Република Српска пријавен е еден смртен случај кај којшто е потврдено присуство на коронавирусот.
Досега во Република Српска се потврдени 7.764 случаи на коронавирусот, а починаа вкупно 262 лица кај кои е потврден позитивен тест за новиот коронавирус.
Во РС досега од новиот коронавирус оздравеа вкупно 4.804 лица, а тестирани се вкупно 67.542 лица.
Вкупниот број хоспитализирани во Република Српска е 201.
Во Република Српска под здравствен надзор во моментот се 2.745 лица.