Bojana Stojanovic
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 57 лица, регистрирани се уште 6.903 новозаразени, а до денес се хоспитализирани 7.988 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Вкупно регистрирани се 213.843 случаи на вирусот.
Од вчера тестирани се 18.232 лица, од кои 6.903 се позитивни на коронавирусот.
Во истиот период, починаа 57 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.891. Процентот на смртност е 0,88 отсто. Во болниците низ Србија на респиратор се вклучени 279 пациенти.
Досега се тестирани 1.885.460 граѓани.