Zylfije Adem Jakupi
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во послените 24 часа тестирани се 1.620 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 560 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 14 пациенти од последици предизвикани од Ковид-19, вкупно 1.087 смртни случаи од почетокот на епидемијата.
Од февруари досега тестирани се 151.363 лица, од кои 42.337 биле позитивни.
Оздравеа уште 678 пациенти, вкупно 27.821 од почетокот на пандемијата. Во моментов активни се 13.469 случаи на зараза со Ковид-19.
Од вчера во црвената зона во земјата се наоѓаат 21 општина, во кои на 100.000 жители во период од недела дена се регистрирани повеќе од 150 заразени. Во оваа зона важат мерките за ограничено движење од 19:00 до 05:00 часот.
Во жолтата зона се 10 општини и во нив бројката на заразени на неделно ниво изнесува од 70 до 150 инфицирани на 100.000 жители. Во жолтата зона е забранета работата на стопанските субјекти во периодот од 18:00 до 05:00 часот.
Во зелената зона сега се 7 општини. Во зелената зона се наоѓаат општините во кои на неделно ниво има до 70 новоинфицирани на 100.000 жители. Во овие општини забранета е работата на стопанските субјекти од 20:00 до 05:00 часот.