Dzihat Aliju
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Во првите шест месеци од 2026 година Северна Македонија ја посетиле најмногу турски туристи.
Според информациите собрани од Анадолу од веб-страницата на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, вкупно 518.035 странски туристи ја посетиле земјата во првите шест месеци од 2026 година.
Во истиот период минатата година земјата ја посетиле 395.555 странски туристи, што претставува зголемување од 30,96 отсто годинава.
Во јануари во земјата дошле 52.943 странски туристи, во февруари 48.654, во март 73.921 во април 97.358, во мај 131.723 и во јуни 113.436.
Според податоците, во предметниот период земјата била најмногу посетена од турски туристи. Во првите шест месеци од годината земјата ја посетиле 91.910 турски туристи.
Од нив, 6.732 ја посетиле Северна Македонија во јануари, 5.011 во февруари, 9.090 во март, 11.826 во април, 34.681 во мај и 24.570 во јуни.
Во овој период по турските туристи земјата најмногу ја посетиле германски, српски, грчки и бугарски туристи.