Ekipa
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа од последици предизвикани од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа 24 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 1.901, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 984 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 67.311.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 42.872.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 22.538.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.995 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања.