Yusuf Özcan
06 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Франција починаа 216 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француската агенција за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се детектирани 12.923 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени во земјата на 2.281.475.
Во истиот период починаа 216 лица, вкупно 54.981 од почетокот на епидемијата во Франција.
Во болниците низ земјата на болничко лекување се 26.070 пациенти, од кои на интензивна нега се 3.230. Досега оздравеа 169.358 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.006 во последните 24 часа. Продолжува да се намалува бројката на пациенти што се наоѓаат во болниците.