Bojana Stojanovic
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Белград на две недели ќе бидат затворени ноќните клубови од 23 часот до 06 часот наутро, а истото тоа важи и за кафулињата, освен за оние кои имаат градини, додека собирањето ќе биде дозволено за до 100 луѓе во затворено и до 500 луѓе на отворен простор, изјави вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој наведе дека би сакал во Србија да е поповолна епидемиолошка ситуација поради Ковид-19, а дека најголем проблем е Белград, во кој се 82,5 отсто од вкупниот број заразени со вирусот.
Од утре, кога Владата на Србија ќе ги усвои тие мерки, на две недели ќе бидат затворени ноќните клубови и сплавови и од 23 часот до 06 наутро.
„Истото ќе важии за кафулињата, освен за оние кои имаат градини или излез во отворен простор", рече Вучиќ за Радио-телевизија на Србија (РТС).
Исто така, кога станува збор за забрана за собири, во затворен простор ќе можат да бидат до 100 луѓе, а на отворено до 500 луѓе.
Затворени ќе бидат и студентските домови во главниот град на Србија.
Од понеделник, 06 јули ќе бидат казнувани оние кои не носат маски во трговските центри и јавниот превоз, а казната ќе биде 5.000 или 6.000 динри.
„Ако не бидат овие мерки доволни, ќе одиме на понатамошни мерки", додаде Вучиќ.