Samir Kajoševic
14 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ПОДГОРИЦА
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ рече дека Црна Гора е изложена на брутални напади кои имаат несогледиви последици за граѓаните на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој во јавното обраќање до граѓаните рече дека со организирање масовни мерски собири Митрополијата на црногорско-приморската епархија ги прекршила владините мерки за превенција на коронавирусот (Ковид-19).
„Се што постигнавме со посветена работа сега е доведено во прашање и стравуваме дека би можеле да се најдеме во иста ситуација од пред два месеци. Нема разумно објаснување ниту оправдување за ваквото однесување. Затоа, денес и секој ден законот мора да биде еднаков за сите. Ние сме должни да и служиме на својата, а не на туѓа држава. Тоа е обврска на секој државен орган и секоја институција за спроведување на законот", рече Марковиќ.
Тој предупреди дека Владата ќе ја исполнува својата уставна должност, да ги штити интересите на граѓаните. Марковиќ предупреди дека во текот на синоќешните протести во повеќе црногорски градови, како што рече, полицијата е нападната од страна на екстремистите.
„А што е позадината? Наводна верска потреба на еден број на верниците на Српската православна црква која повика на забранети јавни собири. Сведочиме на уште една груба политичка деструкција, сведочиме и на беспризорни повици од собраниските клупи дека се кршат мерките без оглед што со тоа се загрозуваат вашите животи. Сведочиме на однесување кое го загрозува јавното здравје, а се под плаштот на одбрана на верските права и слободи", рече Марковиќ.
Тој предупреди дека немирите се случуваат во време на незапаметена здравствена и економска киза кога, како што рече, државата се соочува со многумина предизвици да го сочува човектот и неговото здравје. Марковиќ рече дека државата го вложила целиот стручен и финансиски потенцијал и сите институции ги ставила во функција на здравствена заштита на граѓаните, нивната материјална безбедност и граѓанското достоинство.
Притоа, како што рече, мерките биле еднакви за сите.
„Голем е бројот млади луѓе кои поради здравствените мерки ги откажаа свадбените и другите веселби и свечености по повод раѓање на деца. Колку наши граѓани своите најблиски ги погребаа без испраќање? Имаат ли тие луѓе свои потреби и слобода еднаква на онаа која себеси ја даваат Црквата и верниците", рече тој.