Bojana Stojanovic
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србија, во изминатите 24 часа уште две лица починаа од последиците на Ковид-19, а заразени се уште 79, со што бројот на заразени досега се зголеми на 10.374, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера, тестирани се 6.194 лица, од кои 79 се позитивни на Ковид-19.
Хоспитализирани се 949 пациенти.
Во претходните 24 часа починаа уште две лица, што значи дека во Србија досега починале 224 лица. Процентот на смртност е 2,15 отсто.
Досега се тестирани 162.797 граѓани, а излекувани се 4.084 лица.