Ayhan Mehmet
19 Јуни 2020•Ажурирано: 20 Јуни 2020
АТИНА
Денеска во утринските часови во Грција се случи сообраќајна несреќа на возило во кое биле транспортирани пакистански мигранти. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 7 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, на патот Ксанти - Солун, возило кое транспортирало мигранти се превртело во обид да избега по упатеното полициско предупредување да застане.
Во несреќата еден од мигрантите починал на самото место, а 7 мигранти се наоѓаат на лекување во болницата во Кавала.
Полицијата започна истрага во врска со инцидентот.