Agim Sulaj
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа тројца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 669, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 197 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 18.345.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.018 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 89.108 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.198 лица. Моментално има 2.478 активни случаи.