Dzihat Aliju
18 Мај 2026•Ажурирај: 18 Мај 2026
Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Љубљана беше пречекана од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, јавува Анадолу.
Претседателките одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на словенечката делегација.
Теми на разговорот, според Кабинетот на Сиљановска-Давкова, беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на НАТО, низ призмата на заедничката посветеност на мултилатералниот поредок и европскиот политички проект.
„Сиљановска-Давкова укажа дека кредибилитетот на европската интеграција зависи од доследната примена на Копенхашките критериуми: стабилност на демократските институции, владеење на правото, човекови права и почитување на малцинствата, пазарна економија, способност за справување со обврските од членството, инкорпорирани во Договорот за ЕУ“, стои во соопштението.
Во рамките на официјалната посета, предвидено е претседателката да оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.