Furkan Abdula
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 109 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 341.370, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.503.
Институтот за јавно здравје регистрира 130 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 330.602.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.265.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 672 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања.