Ekip
14 Јули 2022•Ажурирај: 15 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 494 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата во земјата достигна 317.634, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на истиот период не се пријавени починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата останува 9.337.
Институтот за јавно здравје регистрира 276 оздравени пациенти од коронавирусот, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 305.988.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 2.309.
Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 1.365 тестирања за Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата во земјата се реализирани вкупно 2.094.710 тестирања.