Husamedin Gina
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија, во изминатите 24 часа регистрирани се 98 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.791, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека се починати уште 2 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 648.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.184.
Во моментот активни се 1.959 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 165.892 тестирања за Ковид-19.