Dejan Maksimovic
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ) во изминатите 24 часа потврдени се 327 нови случаи на коронавирусот, додека шест лица починаа од последиците од Ковид-19, покажуваат податоците на заводите за јавно здравство на ентитетите објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во Заводот за јавно здравство во Федерацијата БиХ пријавени се 1.002 примероци, од кои 273 биле позитивни за САРС-CoV-2.
Досега тестирани се вкупно 135.430 примероци, а коронавирусот е потврден кај 14.921 лице. Заклучно со денес, во Федерацијата БиХ излекувани се 10.532 пациенти, а во изминатите 24 часа регистрирани се 58 оздравени пациенти. Во моментов има 3.986 активни случаи на САРС-CoV-2.
Во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се три нови смртни случаи. Вкупниот број на смртни случаи е 403, од кои 265 се од машки пол, а 138 се од женски пол.
Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во последните 24 часа тестирани се 370 лабораториски примероци, а вирусот е потврден кај 54 лица. Пријавени се три смртни случаи.
Досега во Република Српска потврдени се 8.244 случаи на коронавирусот, а како последица на Ковид-19 починаа 274 лица. Во Република Српска досега се излекуваа 5.242 лица, а тестирани се вкупно 70.816 лица.
Податоците за дистриктот Брчко не се објавени.