Admir Fazlagic
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 870 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 28.697. Министерството за здравство соопшти дека се починати 14 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 963.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата достигна 19.771.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.963
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.647 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања.