Andelija Stojkovic
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа од коронавирусот во Србија починаа девет лица, регистрирани се 389 нови случаи, додека тестирани се 7.648 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што се наведува на официјалната веб-страница covid19.rs, бројот на лица кои болнички се лекуваат од коронавирусот во Србија е 4.776, а на респиратори се вклучени 187 лица.
Досега од коронавирусот починаа вкупно 461 лица, а процентот на смртност е 2,25 отсто.
Вкупниот број на регистрирани случаи е 20.498, а тестирани се 542.136 лица.