Şenhan Bolelli
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
МАДРИД (АА) – Во последната недела во автономната администрација Каталонија, во источна Шпанија, значително се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти во Каталонија соопштија дека во последните 24 часа откриени се 1.226 случаи на Ковид-19, а 896 од нив се евидентирани во Барселона.
Вчера во Каталонија дијагностицирани беа 1.100 случаи.
Соопштено е дека од почетокот на епидемијата бројот на лица дијагностицирани со Ковид-19 во Каталонија достигна 81.932.
Каталонската Влада во градот Леида веќе една недела спроведува карантин, додека во Барселона, каде што е концентрирана епидемијата, се упатува повик до граѓаните да не излегуваат на улиците освен ако имаат потреба.
Владата на Каталонија, каде што живеат околу 4 милиони жители, од граѓаните побара 15 дена да не излегуваат од дома, освен за работа, шопинг или за лекување. Владата, исто така, го ограничи патувањето и за лицата кои имаат викендички.
Зголемувањето на бројот на нови случаи резултираше со повторно затворање на спортските сали, центрите за забава, баровите и рестораните.
Шпанските медиуми пишуваат дека голем број граѓани на Барселона почнале да го напуштаат градот, плашејќи се од можна одлука за карантин.