Husamedin Gina
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 241 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.026, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 414.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.727.
Во моментов во земјата има 3.885 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 84.916 тестирања на овој вирус.