Besar Ademi
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
СКОПЈЕ (AA) – Вицепремиерот на Република Турција, Хакан Чавушоглу, кој престојува во посета на Република Македонија, беше пречекан од премиерот Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Чавушоглу, во текот на средбата со Заев беше придружуван од турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара и министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил.
По средбата со премиерот Заев, делегацијата од Турција предводена од Чавушоглу оствари средба со делегацијата на министерот без ресор Ќахил во неговиот кабинет.
Вицепремиерот на Турција, Чавушоглу, престојува на посета во Македонија по повод 21 декември – Ден на образованието на турски јазик. Тој ќе биде пречекан од страна на претседателот на земјата, Ѓорѓе Иванов, додека вечерва ќе учествува на централната манифестација за одбележување на овој празник на туската заедница во Македонија.
Претходно денеска, вицепремиерот Чавушоглу учествуваше на церемонијата на отварањето на проектот за реставрација и опремување на основното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Гостивар, кои се реализирани во рамките на соработката на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на општини на Турција (ТББ).