Tuba Onğun
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
МАДРИД (АА) - Годишната потрошувачка инфлација во Шпанија се зголеми на 5,8 отсто во јануари, што е многу повисока од очекувањата на пазарот, покажуваат податоците објавени денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Годишната инфлација во Шпанија во декември 2022 година изнесуваше 5,7 отсто, што е најниско ниво во изминатите 13 месеци.
Шпанските власти наведуваат дека зголемувањето на цената на горивото во јануари придонело за зголемување на инфлацијата.
Цените на облеката, обувките и електричната енергија се намалени во однос на истиот период од претходната година.
Пазарите очекуваа годишната потрошувачка инфлација да изнесува околу 4,9 отсто во јануари.
Годишната инфлација во Шпанија изнесуваше 1,68 отсто во 2018 година.