Burç Eruygur
29 Април 2026•Ажурирај: 29 Април 2026
Русија денес соопшти дека повлекувањето на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од групата производители на нафта ОПЕК и од поширокиот формат ОПЕК+ претставува „суверена одлука“, јавува Анадолу.
„Ова е суверена одлука на Обединетите Арапски Емирати и ние ја почитуваме“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција пред новинарите.
Наведувајќи дека Русија ги поздравува изјавите од Абу Даби дека ОАЕ ќе продолжат да заземаат одговорна позиција на енергетските пазари и да координираат билатерално, Песков додаде дека Москва очекува продолжување на „конструктивните и ефективни“ контакти со оваа заливска земја, вклучително и преку енергетскиот дијалог.
Песков, исто така, ја изрази надежта на Москва дека ОПЕК+ ќе биде зачуван и покрај повлекувањето на ОАЕ, пофалувајќи ја платформата како „многу важна област на работа, особено клучна во актуелната клима, кога енергетските пазари се, најблаго кажано, во превирања“.
„Овој формат овозможува значително минимизирање на флуктуациите на неенергетските пазари и помага во стабилизирањето на овие пазари“, додаде тој.
ОАЕ вчера објавија дека ќе го напуштат ОПЕК и ОПЕК+, што претставува еден од најголемиот јаз во групата производители на нафта во последните години.
Одлуката доаѓа во време кога глобалните енергетски пазари се соочуваат со сериозни прекини поради американско-израелската војна против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на суровата нафта и ги интензивираше загриженостите за безбедноста на снабдувањето од Персисикиот Залив.
ОАЕ се членка на ОПЕК од 1967 година, додека Русија е членка на ОПЕК+.
По изненадното повлекување на ОАЕ од ОПЕК, Песков исто така изјави дека Русија не размислува за напуштање на форматот ОПЕК+.