Nuri Aydın
08 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 303 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, бројот на откриени случаи на коронавирусот се искачи на 303.854.904.
САД се земја каде што се откриени најголем број случаи со овој вирус, каде досега 60.464.426 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Индија (35.358.372 случаи), Бразил (22.450.222 случаи), Велика Британија (14.193.228 случаи), Франција (11.511.452 случаи), Русија (10.618.035 случаи), Германија (7.458.396 случаи), Шпанија (7.164.906 случаи), Италија (7.083.762 случаи) и Иран (6.204.224 случаи).
Во Турција досега се откриени над 9,8 милиони случаи на Ковид-19.
Во светот починаа 5.497.410 лица како последица на овој вирус, додека 258.319.874 лица оздравеa.
Во тек е лекувањето на уште 40.944.375 пациенти во светот.