Emre Aytekin
11 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина, во последните 24 часа евидентирани се 17 нови случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната здравствена комисија се истакнува дека 7 случаи се регистрирани во Внатрешна Монголија, 5 во градот Вухан во покраината Хубеј, каде што за првпат се појави епидемијата, 3 случаи во покраината Ѓилин, во североисточниот дел на земјата, и 1 случај е евидентиран во покраината Лиаонинг.
Од 7 април, по укинувањето на карантинот во Вухан, за првпат се регистрирани нови случаи со Ковид-19.
Вчера во земјата се регистрирани 14 нови случаи, а тоа беше првото двоцифрен раст на случаите со коронавирусот регистрирано по 10 дена.
Комисијата, исто така, забележа дека во последните 24 часа во земјата немало починати од Ковид-19. Во земјата од 17 април не се евидентирани починати од вирусот. На 17 април беше соопштено дека се евидентирани 1.290 смртни случаи, што не се евидентирани во раните денови на епидемијата.
- Во Пекинг средните училишта започнаа со настава -
Од друга страна, и покрај релативното зголемување на бројот на случаи, во земјата продолжуваат напорите за враќање во нормала. 82 илјади средношколци матуранти, кои ќе го полагаат приемниот испит на крајот на годината, во главниот град Пекинг започнаа со настава.
На 27 април, во Пекинг и Шангај, средношколците од гимназиите и стручните училиште започнаа со часови.
- Во Шангај, Дизниленд ги отвори своите врати -
Во меѓувреме, тематскиот парк „Дизниленд“ во Шангај, најголемиот град во земјата, ги отвори своите врати за посетителите со преземени мерки за социјална оддалеченост.
Во паркот можат да влезат ограничен број посетители. На вратата посетителите се контролирани дали имаат симптоми од Ковид-19.
Во Кина, каде што се појави епидемијата на Ковид-19, досега се забележани 82.918 случаи, починаа 4.633 лица, а се излекуваа 78.144 лица.