Mustafa Melih Ahıshalı
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Деветнаесет лица загинаа, а 15 лица се повредени во несреќата што се случи вчера за време на поморска вежба во Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалната иранска новинска агенција ИРНА, Кабинетот за односи со јавноста на Командата на морнарицата на Иран соопштил дека во вчерашната несреќа во поморската вежба во Персискиот Залив загинале 19, а повредени се 15 лица.
Во изјавата се наведува дека воениот брод „Коранек“ е повлечен во пристаништето.
Детали за настанот не се соопштени.
Иранските медиуми објавија дека иранската морнарица по грешка стрелала во сопствен воен брод за време на вежбата во Персискиот Залив, а во инцидентот загинале десетици.
Во изјавата на иранската Армија дадена утрово беше истакнато дека во инцидентот што се случил вчера за време на поморската вежба загинало најмалку едно лице.