Mahmut Atanur
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ЏAKАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди островот Малуку во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) наведува дека епицентарот бил регистриран на 276 километри северозападно од округот Западен Малуку во Тенгара.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Нема податоци за евентуални човечки жртви.
Земјотресите се честа појава во Индонезија. Во земјотресот со јачина од 6,8 степени, што се случи на 26 септември 2019 година, во главниот град на островот Малуку загинаа 36 лица.