Barış Seçkin
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа бројот на починати од Ковид-19 е поголем за 23 и изнесува 34.657, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита ги соопшти последните податоци во врска со вирусот кој во Италија е присутен речиси четири месеци.
Бројот на активни случаи е помал за 335 и изнесува 20.637. Бројот на заразени до денес е зголемен на 238.720. Во последните 24 часа се потврдени 218 нови случаи на заразување.
Бројот на излекувани е поголем за 533 и изнесува 183.426. Исто така, бројот на пациентите на одделот за интензивна нега е намален на 127.
Бројот на починати од Ковид-19 во последните 24 часа е поголем за 23 и изнесува 34.657.
Во Италија до денес на присуство на Ковид-19 се извршени 5.013.342 тестирања.
Премиерот на таа земја, Џузепе Конте ја посети Дирекцијата на Цивилна заштита и се состана со лекарите и медицинските техничари кои волонтираат на северниот дел на земјата.
Конте на медицинските работници од јужните подрачја им се заблагодари на поддршката која ја пружија со заминување на северниот дел и помагајќи им на луѓето на тие подрачја.