Emre Aytekin
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ПЕКИНГ (АА) - Кина го одобри првото лекување за Ковид-19 со состав на антитела развиен од домашна компанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната администрација за медицински производи ја одобри употребата на комбинација од две антитела развиени од компанијата „Бри бајонсајансес“, кај возрасни со ризик од тешка болест. Комбинацијата го неутрализира Ковид-19.
Употребата на третманот кај пациенти на возраст 12 - 17 години е условена.
Компанијата „Бри бајонсајансес“ соопшти дека во својата трета фаза на клиничко испитување со 847 пациенти низ светот, е регистрирано дека комбинацијата на антитела ги намалува стапките на хоспитализација и смртност за 80 проценти.
Меѓу другото, компанијата истакна дека на тестовите се видело дека третманот е ефикасен и против Алфа, Бета и Делта - варијантите на Ковид-19, а тестовите за неговата ефикасност против варијантата Омикрон се во тек.