Husamedin Gina
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 168 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 218.362, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.695.
Институтот за јавно здравје регистрира 275 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 204.960.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.707.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.478 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања.