Almir Terzic
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ЉУБЉАНА (АА) - Во Словенија денес се потврдени 1.687 случаи на новиот коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ширењето на вирусот забавува, како што наведуваат здравствените експерти. Достапен е и антивирусниот лек Молнупиравир, кој спречува потежок тек на болеста. Наводно, од понеделник лекот ќе биде достапен во четири болници.
„Не се работи за превенција, туку за лекување“, објасни Борут Штрукељ од Фармацевтскиот факултет во Љубљана.
„Таков лек одамна задоцни, бидејќи дејствува така што го спречува продолжението на синтезата на основниот вирусен синџир, што значи дека вирусот не може да напредува. Наменет е за сите кои ги имаат првите симптоми на болеста и за оние за кои лекарите ќе проценат дека боледуваат од потежок облик на коронавирус. Се консумира пет дена во домашна нега“, додаде Штрукељ.
„Со тоа се оневозможува хоспитализација кај 50-60 проценти на вакви пациенти“, рече Штрукељ.
Во болниците, особено во одделенијата за интензивна нега, каде што 85 отсто се невакцинирани пациенти, ситуацијата и понатаму е многу сериозна.
„Според најновите информации, вакцините се ефикасни и кај новата варијанта на коронавирусот, Омикрон, а „Фајзер“ и „БајоНТех“ се ефикасни по три вакцинации“, соопштија произведувачите. Меѓутоа, Eвропскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ ), исто така известува дека сите досега потврдени случаи со омикрон-варијантата се асимптоматски и благи.