Ayhan Şimşek
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
БЕРЛИН
Резултатите од третиот тест за коронавирус на германската канцеларка Ангела Меркел се негативни, соопшти денес нејзиниот портпарол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штефан Зиберт за германската новинска агенција ДПА изјави дека Меркел во текот на наредните неколку дена ќе продолжи да ги извршува своите службени должности од дома.
Германската канцеларка на 22 март влезе во самоизолација поради претходен контакт со доктор, кој потоа се установи дека е позитивен на коронавирусот.
Двата претходни тестови на канцеларката беа исто така негативни.