Bayram Altuğ
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ЖЕНЕВА
Светската здравствена организација (WHO) објави дека омикрон-варијантата на коронавирусот е регистрирана во најмалку 57 земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во неделниот извештај на СЗО е наведено дека во светот, од 29 ноември до 5 декември се пријавени повеќе од 4 милиони случаи на Ковид-19.
Во извештајот е наведено дека е забележан раст од 10 проценти во однос на претходната недела, кога станува збор за починати како последица на болеста. Минатата недела починале околу 52.500 луѓе.
Според податоците на СЗО, вклучително со 5 декември, вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во светот достигна 265 милиони, додека бројот на починати надмина 5,2 милиони.
Во извештајот е соопштено дека омикрон-варијантата предизвикува загриженост во светот и дека досега е регистрирана во 57 земји.
„Повеќето откриени случаи во овие земји во моментот се поврзани со патувања, но тоа може да се промени. Нејзината тежина е еднаква или потенцијално потешка од делта-варијантата“, истакнаа од СЗО.
Меѓутоа, во извештајот е наведено дека 98 проценти од околу 900.000 примероци земени од пациенти заболени од Ковид-19, во последните два месеци, имале делта-варијанта, а само кај еден процент е откриена варијантата Омикрон.
СЗО нагласи дека е потребно повеќе истражувања за да се открие дали сегашните вакцини се ефикасни против омикрон-варијантата.
Директорот на програмата на СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, рече дека сегашните вакцини пружаат заштита од омикрон-варијантата.
Марија ван Керхов, водичот на тимот на Светската здравствена организација за борба против Ковид-19, ги повика сите земји да продолжат да ги применуваат сегашните вакцини против коронавирусот.
Се смета дека истражувањето на омикрон-варијантата ќе трае неколку недели.