Merve Berker
29 Декември 2023•Ажурирај: 31 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Објавено е жирито за „Istanbul Photo Awards“, организиран оваа година по десетти пат од страна на Анадолу, главниот извор на вести на Туркије.
Годинешното жири на престижниот Меѓународен натпревар за фотографии го сочинуваат фоторепортерот на агенцијата „NOOR“, Јуриј Козирев, фоторепортерот на „The Globe and Mail“, Горан Томашевиќ, фотографот на „National Geographic“, филмскиот режисер Ами Витале, фоторепортерката Керол Гузи, визуелната раскажувачка Марион Мертенс, консултантот за визуелни медиуми Мишел Ското, главниот спортски фоторепортер на „Getty Images“, Камерон Спенсер, фоторепортерот Ахмет Сел и Фират Јурдакул, директор на „Visual News“ на Анадолу.
Информациите за членовите на жирито, вклучувајќи ги и добитниците на наградата Пулицер и Ворлд прес фото, може да се добијат на „istanbulphotoawards.com/Jury/“.
Не постои услов апликантите да бидат поврзани со новинарска организација за да се пријават на натпреварот, кој е отворен само за учество на професионални фотографи. Фотографите можат да учествуваат во натпреварот со фотографии за вест направени во период меѓу 1 јануари и 31 декември 2023 година.
Членовите на жири-комисијата ќе ги изберат најдобрите фотографии во 10 категории.
Секој фотограф има право да испрати четири различни фотографии во поединечни категории и две различни серии во категоријата вест-сторија. Секој апликант има можност да испрати вкупно 120 фотографии на натпреварот, каде секое дело во категоријата вест-сторија мора да се состои од 10 фотографии. Условите и правилата за аплицирање може да се најдат на веб-страницата на натпреварот.
Жирито ќе награди по три пријавени фотографии во секоја категорија покрај двете посебни награди, за десетгодишнината на натпреварот. Вкупниот износ на наградата е 60.000 американски долари за 10-тата година на натпреварот. Покрај наградите, годинава на првонаградените од сите категории ќе им бидат доделени и камерите „SONY Alpha A7 III Body“.
Овогодинешниот натпревар е поддржан од турската технолошка компанија „Турксел“, „Сони“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“, турскиот национален авиопревозник.
Жирито на натпреварот ќе ги награди најдобрите фотографии во април. Бесплатните апликации се достапни само на „istanbulphotoawards.com“ до 17 јануари.