Halit Süleyman
09 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
АЗЕЗ (AA) - Борбата за опстанок сеуште е присутна кај Сиријците кои веќе пет години се соочуваат со големи трагедии, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите од јужниот сириски град Алепо во последно време се мета на воздухопловните сили на Русија.
Принудени да ги напушат своите домови, тие се соочуваат со многу тешки услови во шаторскиот камп. Зимата е ладна, а тие се без соодветна топла облека и храна и така од ден на ден се борат за опстанок и за нов ден.
Цивилите од почетокот на војната во Сирија во 2011 година се мета на на силите лојални на сирискиот претседател Башар-ал-Асад припадници на ДАЕШ, а исто така се цел и на воздушните напади кои се спроведуваат во борба против тероризмот. Шаторската населба е во многу тешка состојба.
Поради обилните врнежи, речиси е невозможно да се шета низ селото. Децата се тенко облечени.
"Состојбата во населбата не е добра. Имаме проблеми со водата. Немаме греење а постојано врне дожд и снег", вели Адил.
Од март 2011 година кога започна конфликтот кој подоцна прерасна во граѓанска авојна во Сирија, загинаа повеќе од 200 илјади луѓе а милиони Сиријци беа принудени да ги напуштат своите домови .
Голем дел од нив најдоа засолниште во соседните земји. Од почетокот на оваа година повеќе од 3500 мигранти ги загубија своите животи во обид да го минат Средоземното Море. Од почетокот на 2015 година повеќе од 800.000 мигранти се обиделе да преминат кон Западниот Балкан.