Halit Süleyman
04 Октомври 2016•Ажурирано: 04 Октомври 2016
АЛЕПО (AA) - Во експлозија која во понеделник се случи во салонот за свадби во сирискиот град Хасеке загинаа 13, а ранети се 55 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, експлозијата се случи во салот за свадби во градот Хасеке на североистокот на Сирија.
Според последните информации, во таа прилика загинале 13 цивили меѓу кои се наоѓаат жени и деца.
Ранетите лица се префрлени во најблиските болници.
Локалните извори наведуваат дека станува збор за самоубиствен напад.
Официјалната новинска агенција на Сирија САНА наведе дека нападот го изведоа терористички групи.