Hakan Ceyhan Aydoğan
18 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
МОСКВА (AA) – Од Генералштабот на руската војска беше соопштено дека турските и руските авиони во Сирија извеле заедничка акција на упориштата на ДЕАШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Кабинетот за главни акции при Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској, за руските медиуми изјави дека турските и руските медиуми првпат заеднички организирале воздушна акција и дека се погодени упоришта на ДЕАШ во Ал-Баб.
Рудској истакна дека во акцијата учествувале руските авиони Су-24, Су-25 и Су-35, како и турските Ф-16 и Ф-4.
Тој истакна дека се погодени 36 упоришта.
„Упориштата претходно беа утврдени од страна на Генералштабовите од војските на двете земји, откако во последните два дена беспилотните летала вршеа контрола на теренот“, истакна Рудској.
Сергеј Рудској ја нарече крајно продуктивна заедничката акција на турските и на руските сили.