Erkan Avci
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ВАШИНГОН (АА) - Министерот за одбрана на САД, Ештон Картер истакна дека ослободувањето на Мосул е операција којашто е пресвртница во кампањата за извојување трајна победа над ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Картер објави писмено соопштение за почетокот на операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ.
Картер во своето соопштение посетува дека премиерот на Ирак Хајдар ел-Ибади го најавил почетокот на операциите за ослободување на градот. Во врска со тоа вели:
„Оваа операција претставува пресвртница во кампањата за извојување трајна победа над ДЕАШ. САД и коалициските сили се подготвени во тешката борба што претстои, да им даде поддршка на ирачките сили, силите пешмерги и на ирачкиот народ. Веруваме дена нашиот ирачки партнер ќе успее да го победи заедничкиот непријател и ќе ги ослободат Мосул и останатите делови од Ирак од омразата и суровоста на терористичката организација“.