АНКАРА (АА) - Истражувајќи за односите меѓу Турција и САД, Anadolu Agency (AA) дојде до податоци дека тие датираат уште од 1800 година, а од почетокот на минатиот век, врските меѓу САД и Турција преоѓаат во „сојузништво“. Но последните настани и прекинот на издавањето визи меѓу двете земји предизвика заладување на односите меѓу Турција и САД.
- Неиспорачувањето на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен
Во рамките на заговорот од страна на вооружената терористичка група ФЕТО во периодот 17 - 25 декември 2013 година, откриено е дека Метин Топуз, вработен во американската амбасада во Анкара, контактирал со поранешните полициски шефови и поранешниот судија во бегство, Зекирија Оз.
Лицето Топуз е приведено од страна на Јавното републичко обвинителство во Истанбул и Канцеларијата за истраги на организиран криминал, под обвинение за „Обид за уривање на уставниот поредок“, „Шпионажа“ и „Обид за уривање на турската Влада“.
По ова приведување, прво САД, а потоа и Турција го суспендираа издавањето визи, со што се потпали фитилот на тензии меѓу двете земји.
Уште претходно можеа да се забележат сигнали дека следува „најголемата криза меѓу двата НАТО сојузника во последните неколку децении“.
Додека Турција на 15 јули 2016 година го преживуваше најголемото предавство, лидерот на ова предавство, Фетула Ѓулен на целиот свет му објави дека се наоѓа во Пенсилванија.

По задушувањето на обидот за пуч, започна судскиот процес од независни судови, и беа подготвени илјадници страници материјални докази против лидерот на ФЕТО кои беа испратени до САД. Турција побара тој да биде испорачан, но Америка сѐ уште не го стори тоа.
Турција од земјата пријател и сојузник не го доби посакуваниот одговор, а со чекорите кои подоцна ги презеде САД, само се зголемија тензиите во односите меѓу двете земји.
- Дозволена истражна постапка против телохранителите на Ердоган
При мајската посета на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на САД, се случи инцидент пред амбасадата на Турција во САД, по којшто беше отворена истражна постапка против 15 лица од обезбедувањето на турскиот претседател.
За време на посетата на САД, пред амбасадата на Турција во Вашингтон, симпатизери на ПКК протестирааа и спроведоа кампања за терористичката организација. Откако симпатизерите на ПКК ги нападнаа турските државјани во Вашингтон, реагираа членовите од обезбедувањето на турскиот претседател. Набрзо, членовите од обезбедувањето беа обвинети за напад на демонстрантите и беше отворена истражна постапка за 19 лица, од кои 15 членови на обезбедувањето на претседателот Ердоган.
Министерството за надворешни работи на Турција во врска со овој настан соопшти: „Изразуваме жалење што Главното јавно обвинителство од Врховниот суд во округот Вашингтон го прифати обвинителниот акт во врска со настанот што се случи пред амбасадата на Турција во Вашингтон на 16 мај 2017 година“.
- Помош во оружје за терористичка организација
За затегнатоста во односите меѓу двете земји, која за последен пат се случи по Кипарската мировна операција, свој придонес има и воената помош што САД ѝ ја даваат на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија.
Турција повеќепати упатуваше предупредувања дека подоцна тоа оружје ќе биде свртено кон неа, но САД досега на ПКК/ПЈД во Сирија имаат испратено близу 2.000 шлепери со тешко воено оружје, ситуација која не дозволува подобрување на односите меѓу двете земји.
Тензии настанаа и при барањата од страна на Турција и соопштенијата дадени од двете страни терористичката организација да се повлече од западниот брег на Еуфрат. САД долго време беа глуви на овие барања од страна на Турција и само ги одложуваа. Терористичката организација сѐ уште е присутна на тие позиции.
- Штитот на Еуфрат, Идлиб и S-400
Се информира дека одлуките што ги носат САД имаат свои влијанија врз одлуката на Турција за спроведување на операцијата Штитот на Еуфрат во Сирија, за својата национална безбедност и за преземените чекори во Ирак.
Се смета дека договорот меѓу Турција, Русија и Иран го расипал планот на САД, кои под изговор за поддршка на борбата против Ал Каеда, ја поддржуваат ПЈД, истакнувајќи го нејзиното значење во борбата против тероризмот во подрачјето на Идлиб.
Најголема тема на разговор во меѓународната арена и тема за дискусија меѓу членките на НАТО стана друг случај, а тоа е купувањето на рускиот ракетен систем S400 од страна на Турција.
Западните земји упатија реакции, истакнувајќи дека овој ракетен систем не е во согласност со системот што се користи во НАТО, а пак Турција соопшти дека е извршена уплата за проектилите.
- Документ во врска со Батмаз
Додека се води спорот за екстрадиција на лидерот на ФЕТО од Америка, затегнатоста меѓу Турција и САД се зголеми откако се појави документ за Кемал Батмаз, еден од најзначајните ликови кое беа дел од обидот за државен удар на 15 јули, и човекот кој за време на пучот, вечерта ја минал во базата „Акинџи“, каде што се наоѓал раководниот центар на обидот за државен удар.
Во јавноста се појави документ со којшто се докажува дека на 1. јануари 2016 година, Батмаз заминал за САД, каде што на прашањето од страна на американските службеници каде ќе престојува, одговорил дека пристигнал „во посета на Фетула Ѓулен во Пенсилванија“.
Официјалниот документ од страна на САД ја покажува блискоста на Батмаз со лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, дека 6,5 месеци пред пучот бил негов гостин во Пенсилванија. Според документите и видеоснимките, Батмаз ноќта за време на обидот за пуч се наоѓал во базата „Акинџи“, командниот центар на пучот.
- Џасин, член на професорскиот кадар од Универзитетот „Озјегин“: Секој притисок врз Турција, ќе предизвика создавање на заеднички национален став на тој притисок
Проф. д-р Месут Хаки Џашин, член на професорскиот кадар од Универзитетот „Озјегин“, истакнува дека точката на прекршување на постојаната тензија меѓу САД и Турција започнала на 1 март, а произлегла од никаде.
Суспендирањето на визите, според Џашин, е приказ на најсериозна криза на дипломатската, политичката и социјалната сфера во турско-американските односи.
„Ниту Турција може да си го дозволи луксузот да ја загуби Америка, ниту пак Америка луксузот да ја загуби Турција“, рече Џашин.
„Историјата и географијата го покажуваат тоа. Турција не можете да ја изолирате, Турција е светска држава. Турција е регионална сила. Затоа, секој притисок извршен врз Турција, предизвикува повторно задничко воздигнување на националното единство во Анадолија, од страна на Турците, Курдите, Ерменците и како што тоа го направи Ататурк, ќе биде причина за приказ на еден заеднички национален став“, изјави проф. д-р Џашин.