Ercan Canbolat
13 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Ерџан Џанболат
Проф. др. Бурханетин Дуран, генералниот координатор на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (SETA) коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Турција, Џон Бас, кој изјави дека во Турција немало терористички напади во изминатите девет и пол месеци особено поради соработката со САД, истакна дека таквата изјава покажува оти сојузничкиот однос го изгубил значењето, пишува Anadolu Agency (AA).
„Ваквата изјава покажува дека сојузничкиот однос изгубил смисла. Да се заканува на ваков начин и вака да се формулира реченица претставува говор кој не припаѓа на сојузничките односи“, изјави Дуран за АА.
Тој нагласи дека таквата изјава покажува оти стратешката соработка меѓу Турција и САД е разнишана.
„Затоа што во борбата против тероризмот постои меѓусебна разнузнавачка размена“, изјави Дуран, додавајќи дека изјавата на американскиот амбасадор е штетна.
Тој истакна и дека амбасадата на САД во Анкара се однесува неодговорно со тоа што неодамна го спречила издавањето на визи во дипломатско-конзуларните претставништва во Турција.
„Нивната амбасада со ваквата постапка води неуспешна дипломатска офанзива“, изјави Дуран.
Тој нагласи дека е потребно да се сторат сериозни напори за односите меѓу двете страни да се поправат.
„Она што треба да го сториме е што побрзо да ги поправиме односите и во таа насока да преземеме потребни чекори. Ниедна од нашите земји моментално не е во состојба да ги жртвува меѓусебните односи“, изјави Дуран.
Потсетуваме, властите на САД во сабота соопштија дека го спречиле издавањето на визи во дипломатско-конзуларните канцеларии во Турција и дека тоа е мерка на преиспитување на односите на Турција кон прашањата за безбедност на дипломатските канцеларии и персоналот. Турција одговори со иста мерка и го спречи издавањето на визи во дипломатските претставништва во САД.