Ekip
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ЛУКСЕМБУРГ (AA) - Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската Комисија (ЕК), упати апел до шпанскиот регион Каталонија да не прогласува независност, бидејќи, така ќе ги охрабри другите европски региони да се отцепуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јункер денеска изјави дека тоа е шпанско прашање, а не прашање на ЕУ, но дека „доколку Каталонија се отцепи, тогаш, тоа и другите ќе го направат, а не би го сакал тоа."
„Не би сакал Европска унија која за 15 години ќе се состои од 98 држави и со 28 е прилично тешко", додаде Јункер
Каталонската сепаратистичка власт сака ЕУ да посредува помеѓу нив и Владата во Мадрид, но шпанскиот премиер Марио Рахој, одбица да побара било каква надворешна помош.
Јункер не гледа никаква улога на ЕУ и вели дека „ако само една страна бара посредување тогаш тоа ќе доведе до значители расправии во ЕУ и затоа не можеме тоа да го направиме."