Советот за безбедност на ОН, ја усвои француската резолуција за борба против Даеш
- Резолуцијата која се оформи во светло на последните терористички напади во Париз, ги повикува сите држави во склад со меѓународните закони да ги преземат сите потребни мерки за искоренување на засолништата на Даеш во Сирија и Ирак
Mustafa Çağlayan
21 Ноември 2015•Ажурирано: 22 Ноември 2015
Њујорк
ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН), едногласно ја усвои нацрт резолуцијата на Франција за меѓународна координација за борба против Даеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Резолуцијата се создаде во светло на последните терористички напади во Париз, и ги повикува сите држави, во согласност со меѓународните закони, да ги преземат сите потребни мерки за искоренување на засолништата на Даеш во сирија и Ирак.
Земјите, исто така, се повикуваат да ги удвојат своите напори и да ги координираат иницијативите за да се спречат и стопираат терористичките напади на Даеш, Ал-Нусра, Фронтот и други групи и поединци поврзани за Ал-Каеда, но и со други терористички групи.
Резолуцијата од земјите бара да ги интензивираат напорите за стопирање на приливот на странски терористички борци на сириските и ирачките боишта.
Франција во четвртокот му предложи на Советот за безбедност Резолуција за преземање неопходни мерки во борбата против Даеш кој презеде одговорност за последните смртоносни напади во Париз.
Советот за безбедност на ОН, ја усвои француската резолуција за борба против Даеш