Ihvan Radoykov
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
СОФИЈА
Коалициската Влада во Бугарија, каде што антивладините протести траат веќе 29 дена, одлучи дека нема да поднесе оставка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челниците на двете коалициски партии Граѓаните за европски развој на Бугарија (GERB), Бојко Борисов и партиите на Националниот фронт за спас на Бугарија (NFSB), Валериј Симеонов, се состанаа денеска во главниот град Софија и донесоа одлука дека Владата нема да поднесе оставка и дека парламентарните избори ќе бидат одржани напролет во 2021 година.
„Владата останува на должност и ќе го продолжи својот мандат до редовните парламентарни избори до следната пролет. Бојко Борисов своето работно време ќе го доврши како премиер. Нема друга алтернативна пред нас. Владата нема да се предаде на притисокот од улица“, рече лидерот на Националниот фронт за спас на Бугарија, Валериј Симеонов.
Демонстрантите на улиците веќе 29 дена протестираат со барање Владата на чело со премиерот Бојко Борисов, како и главниот републички обвинител Иван Гешев, да поднесат оставка.
Борисов вчера изјави дека би можел да се повлече од позицијата, а неговиот заменик Томислав Дончев порача дека Владата би можела да поднесе оставка во септември оваа година.