Shpetim Hiseni
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, ѝ честиташе на Јустина Широка-Пуља за изборот за претседателка на Република Косово, пренесува Анадолу.
„Искрени честитки до проф. д-р Јустина Широка-Пуља за нејзиниот избор за претседателка на Република Косово. Како колешка професорка, со нетрпение очекувам да соработувам со неа за натамошно зајакнување на нашите билатерални односи, промовирање на регионалната стабилност и унапредување на нашата заедничка европска иднина“, напиша Сиљановска-Давкова во објава на американската социјална мрежа X.
Таа ѝ посака успех во извршувањето на нејзиниот мандат.
Јустина Широка-Пуља доцна синоќа беше избрана за претседателка на Република Косово со 81 глас во Собранието на Косово.