Zylfije Adem Jakupi
27 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово Хашим Тачи се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео во рамките на официјалната посета на Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тема на разговорите беше и дијалог помеѓу Косово и Србија а Тачи во таа пригода оцени дека „траен мировен договор помеѓу Косово и Србија би значел мир за цела југоисточна Европа, како и пресврт кон иднината и развој и просперитет", соопштено е од Претседателството на Косово.
Тачи на состанокот со секретарот Помпео изрази длабока благодарност на народот и институциите на Косово и повеќедецениската постојана поддршна на САД.
„Вие нѐ поддржавте во најтешките времиња, како и во нашите најдобри денови. Нашата благодарност е трајна", рече Тачи.
Претседателот Тачи рече дека Косово ќе продолжи да кооринира секој чекор со САД.
„Движејќи се со Вашингтон, ги постигнавме своите цели", заклучи претседателот Тачи.
Преходно денеска Тачи беше примен и од секретарот за одбрана Дејвид Норкист. Тачи во таа пригода рече дека е задоволен од поддршката на САД за основање на војската на Косово и бараше да се зголеми соработката.
„Косово има своја професионална војска, по НАТО стандарди, која е спремна да биде опфатена со хуманитарни и мировни мисии во светот, рамо до рамо со САД", рече Тачи.
Заменик секретарот за одбрана Дејвид Норкист истакна дека витално за безбедноста во југоисточна Европа е Косово што поскоро да стане член на НАТО, се наведува во соопштението.