Ekip
27 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
ЉУБЉАНА (AA) – Претседателот на Словенија Борут Пахор го именуваше десничарот Јанез Јанша за нов мандатар на Владата на Словенија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
До именување на Јанша за мандатар дојде откако Словенската демократска партија на Јанша објави дека постигнала договор за формирање на четиричлена коалициска Влада, која ќе има парламентарно мнозинство.
Именувањето ја Јанша за мандатар следуваше по оставката на либералниот премиер Марјан Шарец во јануари оваа година, со образложение дека неговата малцинска Влада не е во состојба квалитетно да ја извршува работата.
Шарец распиша вонредни избори, но неои партии, кои беа дел од неговаа коалиција на левиот центар, прифатија да формираат нова Влада со Јанша.
Новата коалиција има поддршка од 48 пратеници во Парламентот на Словенија кој вкупно има 90 пратеници. Се очекува дека Јанша ќе биде потврден за премиер следната седмица.
СДС, чиј претседател е Јанша, оствари најдобар резултат на парламентарните избори во Словенија во 2018 година, но останатите партии во Државниот збор во почетокот одбија соработка со партијата поради нејзините цврсти антимиграциски ставови и десничарска ориентација.
Јанша веќе два пати во минатото ја извршуваше функцијата премиер на Словенија.